Старото фудбалско игралиште во населеното место Кучевишка Бара ќе блесне во ново руво. На негово место се гради нов спортско-рекреативен центар.
Од Општина Бутел информираат дека тој ќе се протега на површина од 2.000 квадратни метри и ќе има многу нови содржини. Меѓу содржините се: ново фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште што ќе го замени старото и уништено, летниковец, клупи и нов парк.












