петок, февруари 13, 2026
Дома КУЛТУРА МНТ одбележува 80 години од првата премиера

МНТ одбележува 80 години од првата премиера

125

Денес Македонскиот народен театар со изведба на повеќе претстави ќе одбележи 80 години од првата премиера. На репертоарот се: претставите „Бели ноќи“, „Мој термин“ и „Торонто експрес“.

Театарот е основан со Одлука на Президиумот на АСНОМ од 31 јануари 1945 година, како драмски театар во истата зграда на предвоениот. Првата претстава изведена на неговата сцена е лирската трочинка „Платон Кречет“ од украинско-советскиот драматург Александар Корнејчук, во препев на Блаже Конески. Премиерата се случува на 3 април 1945 година, во режија на Димитар Ќостаров, а во главната улога игра Илија Милчин.

-Театарот е место каде што се случува нешто исклучително. Тука се преплетуваат режисерските идеи; најсилно чука актерското срце; се слуша зборот на драматургот; шепотот на суфлерот; сценографите, костимографите и композиторите ја оплеменуваат сцената со својот креативен израз; светлото, дизајнот и тон создаваат магија; големиот број на луѓе зад сцената се секогаш посветено тука; а менаџерскиот тим е тука да ја поддржи секоја идеа. Се создава магија, а публиката го восприема секој атом на театарската уметност. Македонски народен театар е сила која опстојува 80 години!, напишаа од МНТ по повод одбележувањето 80 години.

ИЗДВОЕНИ