МНР за трагедијата во Италија: Конзулатот е во комуникација со семејството со цел завршување на административните постапки за транспорт на посмртните останки

38

Ве информираме дека до македонскиот конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Република Северна Македонија, велат од македонското МНР.

„Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Република Северна Македонија“, се вели во сооштението на МНР.

ИЗДВОЕНИ