МНР апелира да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба – по потреба да се контактираат македонските претставништва

23

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од Блискиот Исток да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. Од Министерството апелираат и македонските граѓани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

Воедно, уште еднаш апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

Покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Северна Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваме и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби.

Во продолжение ги наведуваме контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и дежурните служби на Министерството:

 

ИЗДВОЕНИ