Многумина дури сега дознаа која е постарата Роуз во филмот „Титаник: “Цел живот живеам во заблуда“

97

Во филмот „Титаник“, ликот на постарата Роуз Досон Калверт го игра американската актерка Глорија Стјуарт, која беше номинирана за Оскар и Златен глобус за улогата. Вистинска дебата избувна во средината на утринската емисија на новозеландската радио станица „The Edge NZ“ кога водителот Ден Веби рече дека долго време верувал дека постарата Роуз од филмот „Титаник“ е вистинска личност и дека всушност го преживеала потонувањето на бродот.

Ден сподели со своите колеги верување кое, како што се испостави, има повеќе приврзаници отколку што се мислеше на почетокот.

„Со години мислев дека оваа стара дама навистина била на Титаник и дека таа е вистинската Роуз“, рече тој, осврнувајќи се на ликот на 100-годишната Роуз што ја игра Глорија Стјуарт во филмот.

Ден објасни како стилот на снимање и начинот на кој постарата Роуз беше претставена на почетокот на филмот го доведоа до погрешен заклучок.

„Знаете она, кога доаѓа со хеликоптер… си помислив: „Неверојатно, ја донесоа вистинската личност за филмот! Таа ја знае целата приказна!“ рече тој возбудено.

ИЗДВОЕНИ