Протести во Белград и Нови Сад, како и во неколку градови во Србија, се одржаа синоќа на повик на студентите во блокада. Мирните собири започнаа околу 20 часот, а неколку часа подоцна ситуацијата ескалираше. Од Нови Сад пристигнаа фотографии и видеа од целосно демолирани и ограбени канцеларии на СНС на две адреси, а демонстрантите се судрија со полицијата во Ваљево, Панчево, Ниш… Ивица Дачиќ изјави по полноќ дека најмалку 42 полицајци се повредени, претежно во Белград. Некои се тешко повредени, со скршени раце и нозе, а беа и претепани… Досега се уапсени 37 лица – изјави министерот за полиција Ивица Дачиќ по полноќ.
– Фрлање камења, навреди, удирање со шипки, палки, ставање балаклави на главите за да не може да се утврди нивниот идентитет. Полицијата реагираше, користејќи хемиски средства каде што беше потребно, за да се одбрани. Ова не е само напад врз полицијата, ова е напад врз државата – рече Дачиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави „големи реформи во државата“ и нагласи дека „владеењето на правото ќе мора да профункционира и да ги санкционира одговорните за насилството на улиците“.
Патријархот Порфириј апелираше во текот на ноќта да се запре секој конфликт и да се „отфрлат зборовите и постапките што предизвикуваат болка и рани кај другите“, велејќи дека „ништо не е поразорно од омразата, поделбите и насилството меѓу браќата и дека ништо не е поскапоцено од мирот и братската љубов“.
Инаку, протестите се одржаа во сите поголеми градови – Белград, Нови Сад, Крагуевац, Панчево, Краљево… под наслов „Вечерва пукате по шевовите“. Солзавец, чад, црвени очи кои печат и полициски кордон меѓу две групи собрани од различни причини беше синоќешната слика во центарот на Белград и Нови Сад, но и во други градови низ Србија каде што се одржуваа протести пред канцелариите на владејачката Српска напредна партија (СНС).
Втора ноќ по ред, во двата најголеми града во Србија, имаше судири меѓу антивладините демонстранти и полицијата што ги штитеше канцелариите на владејачката партија.
RATNA ZONA: Pančevo
Ulične borbe. ✊✊✊pic.twitter.com/t410F3VSbD— Aθαμαη ζαΓλιβλιαηςκι (@atamanzagliblje) August 14, 2025
Група демонстранти, од кои некои носеа маски, ги демолираа канцелариите на СНС, и покрај апелот на студентите што протестираа да не го прават тоа.
View this post on Instagram
Прозорците беа скршени, а околу влезот беа испишани графити, а некои демонстранти извадија камери за надзор и мебел од канцелариите на партијата, објави Радио телевизија Србија.