Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека Македонија ќе ја заврши 2025 со стапка на инфлација од 3,4%, а следната, таа да падне на 2,2%. Прогнозите се и дека државата ќе ја заврши 2025 со стапка на инфлација од 3,4%, а следната, таа да падне на 2,2%.
Според проценките на домашните економски аналитичари, пак, се дека годинава растот на БДП ќе забави на 3,1% за разлика од претходната анкета, во која навеле повисоки очекувања за раст. Испитаниците очекуваат економски раст од 3,1% за оваа година што е за 0,2% помалку во претходната анкета (3,3%) и 3,5% за 2026 година (3,7% во претходната анкета). За 2027 година се очекува дека растот ќе забрза и ќе достигне 3,8%
Македонија е меѓу земјите со прогноза за понизок раст на економијата, во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). ММФ прогнозира Македонија да ги заврши и оваа и следната 2026 година со раст на БДП од 3,2%.
Прогнозите се и дека државата ќе ја заврши 2025 со стапка на инфлација од 3,4%, а следната, таа да падне на 2,2%. Дефицитот на тековната сметка, според прогнозите на Фондот, треба да биде 2,2%.
Од земјите во регионот, прогнозите за Србија се таа да биде со економски раст од 3,5%, Албанија да има повисок БДП за 3,8%, а Косово 4%. За Црна Гора се прогнозира да има раст на БДП ист како Македонија, односно 3,2%, а со најнизок раст на економијата да биде БИХ, со 2,8%. Се очекува Бугарија, која е и земја членка на ЕУ, да ја заврши 2025 година со раст на БДП од скромни 2,5%.
Во најновиот извештај, ММФ ги намали прогнозите за економски раст за 2025 година, истакнувајќи оти зголемените царини и општата неизвесност ќе доведат до значително забавување. Во најновата глобална прогноза се наведува дека светската економија ќе порасне за 2,8% оваа година, што е помалку од претходната проценка од 3,3%. Во САД се очекува раст од 1,8%, кој според претходната проценка изнесуваше 2,7%. Намалена е и прогнозата за раст за Велика Британија од претходните 1,6 на 1,1 проценти.
Економските аналитичари од Македонија, во новата анкета на Народната банка објавена завчера нотираат дека новите трговско-царински тензии меѓу најголемите светски економии веќе се рефлектираат во глобалната економија преку застој во инвестиции, затворање на фабрики, намалени нарачки, зголемена невработеност. Тие сметаат дека сите овие ризици подразбираат неизвесност која пред сè ќе се одрази врз економскиот раст. Според нивните проценки, годинава растот на БДП ќе забави на 3,1% за разлика од претходната анкета, во која навеле повисоки очекувања за раст.
– Испитаниците очекуваат економски раст од 3,1% за оваа година што е за 0,2% помалку во претходната анкета (3,3%) и 3,5% за 2026 година (3,7% во претходната анкета). За 2027 година се очекува дека растот ќе забрза и ќе достигне 3,8% – се нотира во новата анкета.
Што се однесува до инфлацијата, домашните економските аналитичари велат дека инфлацијата ќе расте и нејзино стабилизирање на подолг рок. За 2025 година очекуваат просечна стапка на инфлација од 3,7%, (3% во претходната анкета), којашто би се свела на 3,1% во 2026 година (2,5% во претходната анкета). На среден рок, за 2027 година испитаниците очекуваат дека просечната стапка на инфлација ќе се стабилизира и ќе се сведе на 2,7%.
Во март годинава во однос на февруари стапката на инфлација била негативни 1,3%, додека во првиот квартал од годинава во споредба со истиот период лани трошоците на живот се зголемени за 4,2%.