MMФ: Борбата со инфлацијата продолжува во Македонија!

7

Поставеноста на монетарната политика на Народната банка е стабилна и ефикасна во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и контролата на инфлацијата. Според шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, Анет Кјобе, Народната банка покажала отпорност во справувањето со предизвиците како што беше растот на цената на енергенските по руската инвазија на Украина.

Таа н агласува дека борбата против инфлацијата треба да продолжи се додека не почне одржливо да се намалува, поддржана од намалувањето на светските цени на храната и енерегијата и ублажувањето на базичната инфлација.

– НБРСМ покажа отпорност во справувањето со предизвиците, како што е на пример шокот од растот на цената на енергентите по руската инвазија на Украина. Како одговор на инфлацијата којашто се искачи на високи речиси 20 проценти во 2022 година, НБРСМ донесе непоколебливи одлуки за зголемување на каматните стапки, со што ги закотви инфлациските очекувања. До август 2024 година, инфлацијата се намали на 2,2 проценти, благодарение на ефикасноста на монетарното затегнување и намалувањето на светските цени на примарните производи. Од септември 2024 година, Народната банка започна со внимателно нормализирање на монетарната политика, следејќи ја Европската централна банка – посочува Кјобе.

Во однос на банкарскиот сектор, Кјобе оценува дека тој е стабилен и отпорен на шокови и дека има историски највисоки стапки на адекватност на капиталот и стабилни стапки на ликвидност коишто се особено важни за обезбедување стабилност во услови на глобални и регионални предизвици.

ИЗДВОЕНИ