Непоразениот ММА борец, Дагестанецот Тимур Хизриев, е тешко повреден во вооружен напад што се случи синоќа пред неговата зграда во главниот град на оваа земја, Махачкала. Според извештаите на руските медиуми, двајца непознати напаѓачи со маски на лицата го чекале пред зградата, а штом излегол од автомобилот, тие со пиштоли го нападнале, погодувајќи го со најмалку пет куршуми!

Хизриев претрпел повеќекратни повреди и веднаш бил однесен во болница. Таму завршил со операција, а извор близок до рускиот борец за „ТАСС“ изјавил дека бил погоден од најмалку пет куршуми, но дека за среќа ниту еден од куршумите не предизвикал сериозни внатрешни повреди и дека сега е надвор од животна опасност.

Снимките од надзорните камери покажуваат дека Хизриев дури успеал да го собори напаѓачот откако бил испукан првиот истрел.

ИЗДВОЕНИ