Искусниот ММА-борец Исак Џонсон (31) почина за време на борбата против Марио Александровски. Иако медицинскиот тим брзо реагирал, борецот веднаш бил префрлен во болница, но немало начин да се спаси. Неколку часа подоцна, пристигна веста дека го загубил животот.
- Немам зборови да ги изразам моите чувства. Нашиот борец Исак Џонсон падна кон крајот на натпреварот, ја загуби свеста, медицинскиот персонал веднаш му пружи помош, но, за жал, не преживеа. Најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и до соиграчите, откри промоторот на турнирот Џо Гојтија.
Наредена е обдукција за да се утврди причината за смртта на несреќниот борец.











