Младите на возраст меѓу 15 и 28 години од Кочани и околината ќе имаат можност од денеска до 23 август да изберат различни активности со кои ќе го исполнат своето слободно време и притоа ќе имаат можност да се дружат, креираат, да се натпреваруваат, забавуваат и да разговараат во рамките на содржините од програмата „Лето во друштво“.
Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, со соработниците и со волонтерите од Кочани, ги повикува младите да изберат активности според својот интерес и да се пријават за учество во уметнички и во психолошки работилници. Заинтересираните лица можат да изберат содржини според своите афинитети, но и според денот, часот и местото на одржување.