Младите бегаат од градежништво и индустрија и бараат столче во администрација

За работата во државната администрација сè уште важи поговорката „клати врата земај плата“. Водени од оваа идеја и од тоа дека „државно си е државно“ и покрај пониските плати, младите кои не заминале во странство повеќе сакаат да влезат во државна администрација, околку да работат во некоја фабрика или на градилиште. Ангел Димитров од Организација на работодавачи за весникот ВЕЧЕР вели дека младите сакаат повеќе да работат во јавен сектор, бидејќи имаат поголема слобода во однос на работното време, одмор, слободни денови...

880

Сè поголем број млади наместо во градежништво и индустрија избираат да работат во државната администрација. Причината, според работодавачите, е што во државната администрација не се работи како во приватниот сектор. За работата во државната администрација сè уште важи поговорката „клати врата земај плата“. Водени од оваа идеја и од тоа дека „државно си е државно“, и покрај пониските плати младите кои не заминале во странство повеќе сакаат да влезат во државна администрација, околку да работат во некоја фабрика или на градилиште.

Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека младите повеќе сакаат да работат во јавен сектор, бидејќи имаат поголема слобода во однос на работното време, одмор, слободни денови…

– Младите повеќе сакаат да работат во јавен сектор и покрај тоа што платите се пониски, бидејќи имаат поголема слобода во однос на користење на работното време, одмори, слободни денови, боледување… Така на пример, познато е дека во многу јавни сектори на работниците им даваат неплатен одмор и тие одат по неколку месеци на сезонска работа во странство, а потоа се враќаат на истото работно место. Се покажа дека и без нив работата може да функционира. Тоа не е дозволено во приватен сектор, каде работодавачот мора да најде замена за тој работник, за да не трпи производството, изјави за весникот ВЕЧЕР, Димитров.

Тој вели дека бизнисот ги поддржува реформите кој ги најави министерот за јавна администрација, Горан Минчев, дека и во јавниот сектор мора да се обезбеди продуктивност и да се заработи платата.

– Во приватниот сектор не се глада партиската припадност, туку способноста и придонесот на работникот во работата на компанијата. Освен тоа, работникот не може да прави долги паузи и подолго време да биде отсутен од работното место, особено кога се работи за индустрија и производство бидејќи работата ќе остане незавршена, додава Димитров.

Според Миле Бошков, доколку младите сакаат побрзо професионално да напредуваат, подобра опција им е приватен сектор, отколку јавна администрација.

– Постојаните огласи за вработување во јавната администрација се доказ дека работата е неатрактивна и оти многу луѓе даваат отказ. Повеќе од нив одлучуваат да не бидат послушници и да работат во компанија каде може лично и професионално да напредуваат. Оние што сакаат побрзо да напредуват во струката, избираат да работат во приватен сектор или си одат надвор од државата. Од друга страна, пак, градежниците и работодавачите од другите сектори треба да размислат дали можат да ги задржат вработените со старите навики и со односот кон вработените кој досега го практикуваа. Поради тоа имаме намален број работници во приватен сектор и недостаток на работна сила со компетенции во јавен сектор, изјави за весникот ВЕЧЕР, Бошков.

Сепак, градежниците кои мака мачат да најдат работна сила бараат државните институции да не им ги го зема кадарот. Треба да ги остават помладите да работат во градежништво и индустрија и да ја намалат огромната и неефикасна администрација, преку дигитализација на процесите, велат од секторот.

(А.С.)

 

ИЗДВОЕНИ