Младите скопјани кои живеат во приградските населби кои се пооддалечени од градот се жалат дека за време на викендите и за летниот распуст кога сакаат да излезат до подоцна и да се забавуваат во градот не можат да се вратат со автобус бидејќи велат дека ги нема, односно, дека последниот е во 23:00 часот. – Имам сосетка која се жали дека нејзината ќерка и да сака, не може да остане подолго навечер во градот бидејќи ќе нема автобус за да се врати назад – вели  скопјанка.

Такси-превозот, велат младите, не можат да си го дозволат бидејќи е скап. Од Јавното  сообраќајно претпријатие  „Скопје“ тврдат дека проблемот е во тоа што на ноќните линии и речиси да нема патници и затоа во летниот период се поретки, односно, ги има на два часа. 

– Ние самостојно не можеме да воведеме нов возен ред. Тоа го прави Град Скопје. Без негова дозвола ништо не можеме да менуваме – децидни се од ЈСП. Оттаму додаваат дека од септември повторно ќе има ноќни линии како што се наведени во возниот ред

 

Младите скопјани кои живеат во приградските населби кои се пооддалечени од градот се жалат дека за време на викендите и за летниот распуст кога сакаат да излезат до подоцна и да се забавуваат во градот не можат да се вратат со автобус бидејќи велат дека ги нема, односно, дека последниот е во 23:00 часот.

– Имам сосетка која се жали дека нејзината ќерка и да сака не може да остане подолго навечер во градот бидејќи ќе нема автобус за да се врати назад – вели  скопјанка.

Такси-превозот, велат младите не можат да си го дозволат бидејќи е скап.

– Ние не заработуваме, доволно е тоа што нашите родители ќе ни дадат пари за да платиме во дискотека и за пијачка, па уште и да плаќаме за такси ќе биде премногу. Затоа, би требало ЈСП да размисли да има почести ноќни линии, со што би ни олесниле – вели млад  средношколец. 

Од Јавното сообраќајно претпријатие  „Скопје“ тврдат дека проблемот е во тоа што на ноќните линии и речиси да нема патници и затоа во летниот период се поретки, односно, ги има на два часа.

– Ние самостојно не можеме да воведеме нов возен ред. Тоа го прави Град Скопје. Без негова дозвола ништо не можеме да менуваме – децидни се од ЈСП.

Оттаму додаваат дека од септември повторно ќе има ноќни линии како што се наведени во возниот ред.

Инаку, според возниот ред кој го има на интернет-страницата на ЈСП има наведено дека ноќни линии имаат автобусите со броевите 2, 50, 5, 22, 57, 7 65Б и 41 со наведени часови на поаѓање.

 

Лажна фејсбук-страница нуди бесплатно возење во чест на 80-годишнината на ЈСП

Злоупотребувајќи го името на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП), лажна фејсбук-група – Јавен превоз во чест на осумдесеттиот јубилеј на ЈСП нуди ограничена транспортна картичка.

Во нивниот напис тие нудат бесплатни возења шест месеци за само 120 денари!

– Освојте нова карта и користете ги сите видови транспорт во Скопје и неговата околина без ограничувања за само 120 денари за 6 месеци. Побрзајте, ќе има само 500 уникатни картички по оваа специјална цена – се вели во нивниот напис на „Фејсбук“.

Од  ЈСП велат дека немаат никаква поврзаност со оваа фејсбук-страница, ниту, пак, со активностите што таа ги спроведува, иако, како што нагласуваат, во некои случаи споделуваат содржини за да манифестираат поврзаност со претпријатието.

– Јавноста да не наседнува на ваквите лажни фејсбук-страници и лажни статуси по социјалните мрежи кои имаат една цел, а тоа е да ѝ наштетат на работата на ЈСП.

Оттаму додаваат дека лажната Фејсбук страница и содржината што ја споделува се веќе пријавени на Фејсбок како измама, а претпријатието ќе преземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи по целосна анализа на случајот.

(А.П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ