Младинската кошаркарска репрезентација го запиша и вториот триумф во низа на Европското првенство (Дивизијата – Б) во Ереван, откако во рамки на 4. коло од групата „Ц“ ја совлада селекцијата на Швајцарија со 82:81.

Сега, по четири одиграни натпревари, нашата селекција се врати во игра за пласман во ТОП 8 фазата, а до оваа победа ја предводеа Кечовски, кој запиша пет тројки од седум обиди и 16.поени, како и Стојковиќ (16 поени), Иванов (14 поени)…

Наредниот меч за нашата младинска селекција следува во среда од 16.30 часот, во кој за противник ја имаме репрезентацијата на Данска.

ИЗДВОЕНИ