Младич скокнал во Дунав поради „лајкови“ на ТикТок: Видеото кое требаше да биде вирално, се претвори во трагедија

601

23-годишник починал кога поради предизвик на ТикТок скокнал од мостот на патот Мурфатлар во каналот Дунав-Црно Море, објавија романските медиуми. Според медиумите, сè се случило во вторник попладне, кога Тудор (23) сакал да се сними себеси како скока од мостот заради лајкови на ТикТок.

Имено, тој скокнал од висина од 25 метри во Дунав, додека неговиот пријател снимал сè. Но, ударот бил фатален. Неговиот пријател го забележал шокантниот момент со камера. Она што требаше да биде вирално видео се претвори во трагедија и ги покажува неговите последни моменти од животот.

На интернет се појави видео од фаталниот подвиг, на кое може да се види како младиот човек скока во реката, но не излегува од неа. Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко!

– Интервениравме точно на местото што го посочија сведоците, речиси на половина пат по каналот. Немаше посебни струи. Видливоста беше околу 10-15 см со вклучени фенерчиња – објасни нуркачот Џорџ Кукулеску.

– Лицето е пронајдено приближно седум метри подалеку, во средината на каналот – изјави Маријан Чулеј, главен нуркач на едрилицата „Доброџа“.

ИЗДВОЕНИ