Младич од Финска е осомничен за сексуална злоупотреба на повеќе од 360 малолетни момчиња

124
Фото:википедија/Volkswagen Passat (B8) estate car (Finnish Police) at Helsinki Sörnäinen 3.6.2020.

Дваесет и седумгодишен маж од Финска е осомничен за сексуална злоупотреба на повеќе од 360 момчиња преку контактирање на нив на „Снапчет“ претставувајќи се како припадничка на женскиот пол, а потоа барајќи фотографии и видеа, соопшти полицијата, пренесува „Танјуг“.

Тој е осомничен за 265 обвиненија за тешка сексуална злоупотреба на дете, 98 обвиненија за сексуална злоупотреба на дете и едно обвинение за дистрибуција на непристојна слика, објави финскиот радиодифузер Yle.

Беше објавено дека жртвите имале помеѓу девет и 15 години во тоа време и дека злосторствата за кои е обвинет осомничениот се случиле помеѓу 2019 и 2022 година.

Се проценува дека истрагата може да вклучи до 900 жртви, од кои повеќе од 360 се идентификувани и интервјуирани.

Полицијата соопшти дека за време на истрагата, истражителите откриле десетици илјади фотографии и видеа на кои се прикажани сексуални активности во кои се вклучени деца и тинејџери.

Истражителите ијавиле за Yle дека повеќето деца и тинејџери веруваат дека фотографиите и видеата едноставно автоматски ќе исчезнат од „Снепчет“ во рок од 24 часа.

Осомничениот, кој призна некои од кривичните дела за кои е обвинет, имал претходна пресуда за сексуални престапи против малолетници.

ИЗДВОЕНИ