Млади од Карпош и од Зелениково ќе учат за управувањето со водните текови

13

Младите од 15 до 39 години, од општините Карпош и Зелениково, можат да се пријават и да учествуваат на едукативен настан посветен на управувањето со водните текови, кој ќе се одржи на 24 септември во Домот на културата во Општината Ѓорче Петров, со практичен дел на брегот на реката Лепенец.

Настанот се реализира во рамките на проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан“, поддржан од „Forest Service International Foundation – USA“, координиран од РЕЦ, „Флорозон“ и од „Екологик“.

Целта е да се промовираат: современите методологии за процена на состојбата на водните текови, зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации, институциите и експертите, како и поттикнувањето поширока јавна дискусија за заштита и одржливо управување со водните ресурси.

 

 

ИЗДВОЕНИ