Младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед „спасува жива глава“

358
epa11848496 Players of Manchester United celebrate the 1-0 goal during the UEFA Europa League soccer match between Manchester United and Rangers FC, in Manchester, Britain, 23 January 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Манчестер Јунајтед веќе некое време е „брод што тоне“ и работите не изгледаат добро за овој клуб. Изминатата сезона „црвените ѓаволи“ беа предмет на исмејување, а и новата не ја започнаа подобро и веќе претрпеа неколку болни порази.

Еден од нив беше против Гримсби Таун, кој по подобро изведување на пенали ги исфрли од ЕФЛ Купот.

Минатиот викенд загубија во градското дерби од Манчестер Сити, и тоа убедливо со 3:0. По четири кола од англиската Премиер лига, тие имаат ист број бодови и се 14-ти на табелата.

Актуелните резултати немаат никаква допирна точка со фактот дека „црвените ѓаволи“ сериозно го засилија својот играчки кадар ова лето, а многу големи имиња дојдоа на „Олд Трафорд“.

Само некои од играчите кои дојдоа во Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок се Бенџамин Шешко, Брајан Мбеумо, Матеус Куња…

Покрај дојдовните трансфери, имаше и неколку заминувања, од кои најзначајно беше заминувањето на Алехандо Гарначо во Челзи.

Се очекуваат уште неколку заминувања во зима, а играч кој веќе некое време е на работ да го напушти „Олд Трафорд“ е Коби Маино.

Младиот играч за врска падна во втор план со доаѓањето на Рубен Аморим на клупата, а неговата минутажа е повеќе од скромна.

Англиските медиуми сега објавуваат дека Њукасл ќе проба да ја ангажира младата ѕвезда во зимскиот преоден рок.

20-годишникот го имаше своето деби за сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед во јануари 2023 година, а веќе има одиграно десет натпревари за англиската А репрезентација.

 

ИЗДВОЕНИ