Олимписките игри се сон на секој спортист, вклучувајќи ја и младата Германка Викторија Хансова, која беше подготвена да направи сè за да обезбеди билет за Милано наредната година, но – залудно!

Хансова беше светска јуниорска шампионка во скелетон минатата година. Родена е во Прага, но пораснала во Германија и брзо се заинтересирала за спортот.

Очекуваше следната година да биде нејзина, а сонот да се натпреварува на Олимписките игри ѝ се сруши преку ноќ. И покрај тоа што реши да го соблече својот градник за време на квалификациските натпревари, сепак, не успеа да обезбеди норма за Зимските олимписки игри во Милано и во Кортина д‘Ампецо.

  • Се обидов на секој начин да ја намалам тежината. Одеднаш помислив: „Колку тежи мојот спортски градник?“ Очигледно доволно за да го соблечам непосредно пред трката, истакна спортистката, која и покрај големата решителност, не успеа во квалификациите.

Инаку, постои правило за максимална тежина во овој спорт. Заедно со санката, мажите можат да тежат до 120 килограми, а жените до 102 килограми. Санката тежи помеѓу 26 и 37 килограми. Значи, натпреварувачите можат да тежат помеѓу 65 и 73 килограми. Поради тоа, згодната Хансова дури и ја потстрижи својата долга коса за да дојде до посакуваната тежина, но на крајот, потфрли во квалификациите.

ИЗДВОЕНИ