понеделник, март 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Млад затвореник од струшко Октиси починал во Охридската болница

Млад затвореник од струшко Октиси починал во Охридската болница

227

Лице на 33-годишна возраст од струшкото село Октиси, во тешка здравствена состојба починало во Болницата во Охрид – соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.

По наредба на јавен обвинител, телото било дадено за обдукција. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ