Словачкиот хокеар Роман Кукмберг Јуниор (20) се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа што се случила во саботата, јавува спортската телевизија ТВ ЈОЈ. Талентираниот млад играч е во кома во Универзитетската болница во Братислава, каде што медицинскиот тим води трка со времето.
Несреќата се случила на патот помеѓу Кветославов и Шаморин, а болницата потврди дека пациентот бил примен со исклучително сериозни повреди.
- Можеме да потврдиме дека пациентот беше примен во критична состојба, со сериозни повреди на главата. Дијагностиката е во тек и лекарите прават сè што е во нивна моќ да му го спасат животот – изјави Ева Клиска, портпаролка на болницата.











