Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

ОТЕЦОТ, КОЈ НА ПРАЗНИКОТ ПЕДЕСЕТНИЦА ДОБИ НОВО УНАПРЕДУВАЊЕ ВО МОНАШКИ ЧИН БЕШЕ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ВИСОКАТА ЦРКОВНА ПОЗИЦИЈА

50

Архимандритот Георгиј беше хиротонисан за митрополит и устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со Божествена литургија со која чиноначалствуваше aрхиепскопот oхридски и македонски, г.г. Стефан. Новоназначениот митрополит пред членовите на Светиот синод на Македонската православна црква, свештенството и верниците се завети дека ќе работи според каноните на Светата црква, со најголема послушност ќе извршува она што му е заповедано имајќи ги предвид секогаш вистината и правдата.

– Сето тоа ќе го правам според мојата совест, без да им робувам на лицемерноста и да бидам роб на страстите, но секогаш ќе го имам на ум единствениот Божји суд, со искрена љубов кон Бога и кон ближните…, рече митрополитот Георгиј

Изминатиот викенд Охрид беше центар на настани, преполн со гости кои од сите страни пристигнаа во градот, меѓу другото и за устоличувањето на архимандритот Георгиј за митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Низ градот имаше црковни знамиња и билборди со новиот дебарско кичевски владика. Архимандритот Георгиј беше хиротонисан за митрополит и устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со Божествена литургија со која чиноначалствуваше aрхиепскопот oхридски и македонски, г.г. Стефан. Новоназначениот митрополит пред членовите на Светиот синод на Македонската православна црква, свештенството и верниците се завети дека ќе работи според каноните на Светата црква, со најголема послушност ќе извршува она што му е заповедано имајќи ги предвид секогаш вистината и правдата.

– Сето тоа ќе го правам според мојата совест, без да им робувам на лицемерноста и да бидам роб на страстите, но секогаш ќе го имам на ум единствениот Божји суд, со искрена љубов кон Бога и кон ближните… Се заколнувам со живиот Бог дека секогаш ќе ги имам на ум неговите зборови – проколнат да биде секој оној што нема да го извршува Божјото дело. И дека во сите работи поврзани со мојот позив како со дела Божји нема да бидам мрзлив, туку ќе бидам вреден и ќе работам со сите мои сили… рече митрополитот Георгиј.

Архиепископот oхридски и македонски, г.г. Стефан, истакна дека „сите досегашни охридски светила со своите животи покажале оти епископот не е управител на земна институција, туку жртва светаденица која се принесува себеси за својот народ, дека е сведок за вечната вистина, татко на малите, глас на безгласните, дека е личност чија света должност е да го направи својот народ причесник божји“.

– Денеска добиваме архиереј достоен на своите предци, пастир кој, како што некогаш Елисеј го беше зел кожувот на Илија за да ја продолжи на неговата служба, и тој ќе ги земе на себе добродетелите од своите блаженоупокоени предци и ќе го продолжи нивното свето село, рече г.г. Стефан.

Митрополитот Георгиј дојде на упразнетото место во Дебарско-кичевската епархија по упокојувањето на митрополитот Тимотеј во ноември минатата година.

Отец Георгиј беше единствен кандидат за таа висока црковна позиција, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Отец Георгиј, поранешниот декан на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши на 27 мај годинава, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах. Митрополитот Георгиј е роден во Скопје во 1968 година. Завршил богословски студии во Скопје, а магистрирал и докторирал во Рим, на Папскиот универзитет „Грегоријана“. Има богато академско и црковно искуство, вклучувајќи и дипломатска служба како амбасадор на Македонија при Светата Столица. Автор е на неколку книги и научни трудови, а активно учествува во преведувачки и издавачки проекти на Светото писмо.

На хиротонисувањето во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид присуствуваа голем број црковнослужители, владици од целата земја и верници, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски.

-Со овој чин, г. Георгиј и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верувам дека со сите сили и знаења ќе служи на нашата црква. Достоен е! На многаја лета, објави премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.

ИЗДВОЕНИ