Горан Бошковски носител на кандидатска листа на членови на совет на општина Сарај предводени од ВМРО-ДПМНЕ се обрати пред присутните на народниот митинг во општината.
Денес сме собрани со една силна порака, Сарај се буди. Сарај покажува дека знае и може и сака промени. За мене е огромна чест и задоволство што денеска како носител на листата на советници, стојам пред вас, пред народот што секогаш бил срцето на вистинската барба пред луѓето кои што никогаш не се предале кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место. Во изминатиот период работевме неуморно бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом ги слушавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ, рече Бошковски.
Носителот на кандидатската листа за советници потенцира дека нашата мисија е јасна.
Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, заслужува подобро, рече Бошковски и додаде дека како советници ние нема да седиме мирно ние ќе бидеме гласот на народот.
Ќе се бориме за секој граѓанин, за секој млад човек, родител што сака достоинствен живот. Ќе покажеме дека постои политика што служи на народот, а не лични интереси, потенцира Бошковски во обраќањето.
Мојата цел е едноставна, да бидам градоначалник на сите скопјани. Градоначалник кој ќе работи подеднакво за секој човек, со секоја општина, во секое маало, порача кандидатот за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски од митингот во Сарај.
Истакна дека за него градот не смее да се дели по етничка, верка или партиска основа.
Поделбите се алатка на слабите политичари, тие се минато и не влечат надолу. Нашата заедничка иднина и иднината на нашите деца е многу поважна од секоја разлика меѓу нас. Затоа мојата подадена рака е кон сите. Да се обединиме околу една заедничка цел, да изградиме развиено, европско и функционално Скопје. Град во кој сите ќе се чувствуваме достоинствено, безбедно и рамноправно, посочи Ѓорѓиевски.
Тој потенцираше дека неговиот модел на работа е оној каде единствено се слуша гласот на граѓаните и реалните проблеми.
Ѓорѓиевски како дел од проектите најави инвестиции во природните убавини на Сарај заштитувајќи ги и правејќи ги достапни за сите, изградба на современа пешачка и велосипедска патека, решавање на деценискиот проблем на Матка со изградба на монтажен паркинг за решавање на сообраќајниот хаос со што ќе се овозможи развојот на туризмот.
Ѓорѓиевски најави инвестиции и во културата на сите заедници.
Според сите анкети, според јавното мислење, но и според граѓаните и перцепцијата, генерално, јасно е дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе бидат убедливи победници. Тоа сите го знаат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.
Мицкоски испрати порака за масовно излегување на избори на сите гласачи на 19 октомври и да се заокружи бројот 9 за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и за кандидатите за градоначалници, како и за кандидатите од пошироката коалиција.
„Затоа што ценам дека на тој начин ќе имаме континуитет во реформите, на тој начин ќе имаме континуитет во испораката и мислам дека на тој начин ќе продолжиме заедно да чекориме. Да не дозволиме да се вратат сите оние структури коишто седум години ја уништуваа, ја ограбуваа Македонија и ја распродаваа Македонија“, рече Мицкоски.
Од Сарај, Мицкоски се осврна и на политичката партија ДУИ која 20, 22 години беше дел од различни владини структури, која сега се чувствуваат неприродно во една поинаква позиција кога се во опозиција и која цела кампања, посебно првата недела му ја посвети на него.
Мицкоски додаде дека немаше митинг на ДУИ каде што не се споменуваше и извикуваше во низа неговото име, за што не можел да поверува дека толку многу го сакаат или, пак, толкава ноќна мора им бил на тие луѓе.
„Немаше митинг најмалку по 15 до 20 пати да спомнат моето име. Сакав едно време да им се јавам да им кажам „аман луѓе дајте кажете што ќе правите четири години. Дај оставете или зборувате за Кристијан или како ќе се вратите на власт, или правите етнички поделби“. Тоа беше целата кампања на ДУИ“, рече Мицкоски.
Мицкоски даде одговор и на повиците конкретно од ДУИ за предвремени парламентарни избори, при што порача и ако евентуално има, по убедливата победа на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство гласови, а можеби и 61 пратеник.
„Замислете да има предвремени парламентарни избори и замислете на тие предвремени парламентарни избори, еве ДУИ да има добар резултат, бидејќи од другава страна се знае дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, после големата победа на локалните избори, на парламентарни евентуални избори би освоила огромно мнозинство гласови, можеби 61 пратеник. Со кого ќе прават коалиција, како ќе ја гласаат мојата Влада? До пред 5-6 месеци не им чинев, Кристијан ваков, Кристијан таков, како ќе ја гласаат мојата Влада, како ќе бидат мои министри. Еве јас го поставувам тоа прашање, не можат да измислат друг. Еве ние имаме 61, што правиме тогаш? Или ќе заборават? Ќе речат тоа не важи, сега ќе се препакуваме како што тоа го правевме 20 и повеќе години, нашиот личен интерес ќе го ставиме пред сè и ќе си функционираме како да ништо не било. Тоа така не бива, тоа така не бива“, јасно порача претседателот Мицкоски.
Фото:П.Стојановски
