Митева: Од осум наследени арбитражи досега добиени случајите Казандол, САСА и ГАМА со што се заштедија 565 милиони евра

72

Актуелната Влада наследила рекореден број од осум арбитражни постапки во вкупна вредност од 865 милиони евра а досега успешно решила три со што заштедила 565 милиони евра, информира денеска Марија Митева, портпарол на Владата. На прес конференцијата таа рече дека вчера објавената инфорамција за победа во случајот „Казандол против Македонија“ не е само правен успех.

-Тоа е јасна порака дека државата може да ги брани своите правни интереси кога настапува организирано и со посветеност. Координативно тело за арбитражни постапки вложи сериозни напори со што обезбедивме силна и одржлива позиција во постапката. Лажни се обвинувањата кои доаѓаат од страна на СДСМ дека оваа арбитражна постапка била добиена уште во 2023 година кога тие биле дел од власта. Ако е така зошто во првата половина од 2023 година во Виена се водени преговори за можна спогодба со Казандол, помеѓу претставниците на Владата и на компанијата, а за што потврда е тоа што оваа Влада има донесено одлука со која е одбиена предложената спогодба – нагласи Митева.

Таа објасни дека со доаѓањето на оваа Влада наследи осум активни меѓународни арбитражи.

-Тоа е рекорден број на арбитражни постапки кои што се покренати од осамостојувањето на државата. Стабува збор за три постапки кои се инвестициски спорови и пет трговски спорови, а има уште четири постапки со опомени пред тужби. Со активни арбитражни постапки потенцијална штета по Буџетот на државата беше 865 милиони евра плус трошоците во постапката. Овој податок говори за неодговорниот однос на претходната влада која со свои постапки во ризик го доведе државниот Буџет и меѓународниот углед со осум активни и четири потенцијални спорови – нагласи таа.

Митева постави прашање зошто токму во периодот на пртетходната Влада биле отворени толку многу арбитражни спорови и дали се создавал терен за вонсудски решенија на споровите и за начинот на испумпување на парите од буџетот на граѓаните.

-Со одговорен однос и ефикасна одбана оваа Влада има успешно завршено три арбитражни постапки во полза на Македонија и е направена вкупна заштеда од околу 565 милиони евра. Дополнително, за овие 14 месеци нема ниту една новоотворена постапка. Добиени се постапките „Казандол против Македонија“ во вредност од околу 115 милиони евра, арбитражна постапка „Саса против Македонија“ во вредност од 445 милиони евра и случај „Гама против Македонија“ во вредност од околу пет милиони евра. Ова е потврда дека со транспрентност и заедничка работа може да се постигнат резултати кои во минатото биле претставувани како невозможни. Секој позитивен резултат ја зајакнува довербата во институциите и ја штити државата од непотребни финасиски и репутациски штети – нагласи Митева. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ