Нова пропагандна кампања на Кремљ, под слоганот „Русија не е мој непријател“, се шири низ Европа, а најновиот случај е регистриран во Романија, каде што се појавија налепници со цел Русија да се прикаже како миротворец, пишува „Киев пост“.
Украинскиот центар за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана предупреди за оваа хибридна кампања. Оттаму предупредуваат дека, освен во Романија, налепници со оваа порака веќе се видени во градови низ Франција и Италија, каде што често ги дистрибуираат проруски организации.
Налепници со пораката „Русија не е мој непријател“стигнаа до Романија и се појавуваат во градовите како дел од хибридната кампања на Кремљ насочена кон создавање илузија за „мирно партнерство“.
„Преку вакви алатки на влијание Русија се обидува да се претстави како миротворец, да ги минимизира сопствените злосторства и да посее раздор во европските општества“, се наведува во соопштението на украинскиот центар за борба против дезинформации.
Целта на кампањата, додаваат тие, е да се поткопа довербата на граѓаните во владеењето на правото и демократските институции во нивните земји, да се доведе во прашање евроатлантската насока и да се дискредитира поддршката што Европа ѝ ја дава на Украина.
Центарот, исто така, потсетува дека од почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина, Русија значително ги интензивираше хибридните напади врз критичната инфраструктура на Европската Унија.
Roumanie 🇹🇩
La campagne de collage “La Russie n’est pas mon ennemi” se trouve désormais en Roumanie.
Pour rappel cette campagne de collage à été réalisé par plusieurs acteurs pro russes dans divers états européens comme l’Italie et la France.
En France elle est réalisée par… pic.twitter.com/P5oAv6Oqoa
— KNWLDG Media (@KnwldgMedia) August 18, 2025