Мистериозен пакет пристигна во воена база само еден ден по посетата на Трамп! Неколку лица се хоспитализирани

331

Неколку лица се хоспитализирани откако сомнителен пакет што содржел мистериозна бела супстанца пристигнал во заедничката база Ендрус во Мериленд. Инцидентот предизвика паника кај воениот персонал, при што две згради се евакуирани, а областа моментално е под строга безбедност. Она што е особено вознемирувачко е што поранешниот претседател Доналд Трамп бил во базата само еден ден пред да се отвори пакетот, што поттикнало шпекулации за можен обид за атентат.

Според соопштението од воената база, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, објави CNN.

Екипите за итни интервенции брзо реагирале и утврдиле дека нема непосредна закана, по што случајот бил предаден на Канцеларијата за специјални истраги.

Неколку лица што биле во близина на пакетот биле транспортирани во Медицинскиот центар Малколм Гроув во базата.

Според извори на CNN, првичното тестирање од страна на тимот HAZMAT не открило присуство на опасни материјали, но истрагата е во тек.

Тимот за опасни материјали го напуштил местото на настанот синоќа. Степенот и природата на симптомите кај оние кои се разболеле сè уште не се познати. Просторијата каде што бил отворен пакетот – во зградата во која се наоѓа Центарот за подготвеност на Националната гарда – останува затворена.

Здружената база Ендрус, која се наоѓа во близина на Вашингтон, е позната по тоа што се користи за патувања на претседателот, потпретседателот и членовите на кабинетот.

Претседателот на САД Доналд Трамп беше во базата еден ден пред инцидентот, во среда.

Центарот за подготвеност на воздушната Национална гарда, каде што се случи инцидентот, го поврзува Бирото на Националната гарда со воздушните единици на Националната гарда во државите и териториите на Соединетите Американски Држави.

Иако официјалните лица не даваат никакви детали за потеклото на пакетот, некои извори шпекулираат дека инцидентот би можел да има многу посериозна позадина. Со оглед на тоа што поранешниот претседател Доналд Трамп бил во базата само еден ден пред отворањето на пакетот, не може да се исклучи можноста пакетот всушност да бил обид за атентат или порака упатена до него. Истрагата во наредните денови треба да покаже дали станува збор за случајност – или застрашувачки план кој бил осуетен на време.

ИЗДВОЕНИ