Мистеријата на летот на фон дер Лајен над Бугарија! „Флајт радар“ ги објави своите податоци

611
Фото: screenshot Flightradar24 X

По веста дека авионот што ја превезувал претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го изгубил GPS сигналот над Бугарија, принудувајќи го пилотот да слета користејќи хартиена мапа, Flight Radar, веб-страница што ги следи летовите низ целиот свет, објави извештај за инцидентот над Балканот.

Flight Radar одговори на извештаите на социјалните медиуми за драмата над Балканот, кога откажал GPS системот на авионот на Урсула фон дер Лајен.

Сепак, веб-страницата што ги следи летовите вели дека нема информации за слабиот GPS сигнал на авионот.

– Летот што ја превезувал Урсула фон дер Лајен пренел висококвалитетен сигнал од полетувањето до слетувањето – објавено е на мрежата „X“.

Веб-страницата, исто така, се осврна на извештаите дека авионот поминал околу еден час во воздух пред слетувањето, наведувајќи дека летот траел еден час и 57 минути, во споредба со еден час и 48 минути, како што првично било планирано.

Вчера, британскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави дека дошло до дефект на навигацискиот систем кога авионот во кој била Урсула фон дер Лајен слетал во Бугарија. Според „Фајненшл тајмс“, пилотите морале да користат хартиени мапи за да слетаат на аеродромот во Пловдив.

Бугарските власти го нарекоа инцидентот „опструкција од страна на Руската Федерација“.

Тројца анонимни службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека Русите се осомничени за попречување на GPS сигналот.

Русија жестоко негираше каква било вмешаност. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли обвинувањата кратко, велејќи дека информациите на „Фајненшл тајмс“ се неточни.

Но, бугарската полиција потврди дека се случил „инцидент“.

ИЗДВОЕНИ