Операторот на британската национална лотарија, компанијата „Алвин“ ги советува играчите да си ги проверат џебовите од капутите и облеката, пренесува „Скај њуз“.
Покрај тоа, четири други добитни ливчиеа од вкупно 3,1 милион фунти исто така чекаат да бидат подигнати.
Добитното ливче со милион фунти е купено во Бирминген на 15 август минатата година, а рокот за подигнување е 11 февруари.
Потоа, друго добитно ливче со милион фунти е купено во Дорсет во ноември, а рокот за подигнување му истекува на 3 мај.
На крајот, ливчето кое ниси 112.091 фунти е купено на 12 декември, со рок до 10 јуни.
Ако добитниците не ги подигнат освоените награди, парите ќе бидат насочени кон проекти финансирани од британската Национална лотарија, пренесува „Танјуг“.












