Велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица по десетти пат, на 28 и 29 јуни, го организира настанот „Мистериите на Беласица“.
Настанот ќе се одржи на планината Беласица, во делот над село Борисово, во областа викана Мело. Предвидени се велосипедска и пешачка тура.
Организаторите информираат дека учесниците ќе бидат во постојана придружба на off-road возило на ВК „Актив“.
Тие напомнуваат дека секој од учесниците е сам одговорен за сопствената физичка и психичка подготвеност, а за малолетни деца се бара потпис и придружба од старател или родител. Строго е забрането фрлање каков било отпад.