Шпанската атлетичарка Сара Алонсо мораше да ја заврши сезоната поради скршено ребро. Шпанката што трча ултрамаратон и беше во последната фаза од подготовките за следните натпревари, сега, на својот инстаграм-профил, ги извести сите свои обожаватели дека поради удар од крава што ја нападнала на тренинг, нема да може да ја продолжи сезоната.
Алонсо имаше повреди и беше итно хоспитализирана по инцидентот. Има фрактура на шестото ребро и затоа е во болница. Ќе пропушти неколку важни натпревари подоцна во сезоната, па нема да биде на Фонт Руме, Сиера Зинал или на ултратрката на OCC на Мон Блан.
– Иако изгледа како шега, ова е најголемиот кошмар што можев да го имам. Целосно сум скршена. Сè помина толку добро оваа година, летото ветуваше толку многу… но фактот што помина толку брзо ме крши однатре. Штом почнав да тренирам, ме нападна крава. Звучи како шега, но во болницата имале неколку такви случаи во последниве години.
Поминав низ една од најстрашните ситуации во мојот живот и во еден момент помислив дека ќе продолжи да ме боде кравата додека не ме убие. Престана и успеав да се извлечам оттаму, но имам неколку скршеници по телото и најлошо од сè, целосно ми го скрши шестото ребро – објави Сара на социјалните мрежи.