Мисија за закрепнување на демографијата: Полски синџир хотели им нуди награда на двојките кои ќе зачнат бебе во нивните објекти

31

Полски синџир хотели воведува награда за двојките кои ќе зачнат бебе во нивните објекти со цел да помогне во демографското закрепнување на земјата во која стапката на наталитет веќе 12 години е во постојано опаѓање.

Синџирот хотели „Архе“, кој истовремено се занимава со недвижнини, има 23 хотели, бројни згради и конференциски сали низ Полска.

Оваа компанија вети дека покрај наградата за двојките кои можат да докажат дека нивното бебе било зачнато во нивните хотели, ќе им понуди и бесплатни семејни прослави како што е прослава на крштевка на детето.

Од полската компанија исто така е ветено дека двојките кои ќе купат стан  од нив и ќе добијат бебе по вселувањето ќе добијат бонув од речиси 2.340 евра, пренесе БФМ телевизија.

Понудата важи за двојки кај кои барем еден од партнерите има полско државјанство, живее во Поска  и е полнолетен.

Компанијата, исто така, им дава бонуси на своите службеници кои имаат деца.

Во Полска во 2024 година бројот на новорденчиња беше за 157.000 помал од бројот на починати, а се очекува овој трен да продолжи во наредните години, предвидуваат службите за социјална заштита.

На крајот на јуни годинава, Полска имаше 37,4 милиони жители, што е за еден милион помалку отколку во 2015 година.

ИЗДВОЕНИ