По подолга пауза во јавноста преку социјалните мрежи се појави легендарниот пејач Мишо Ковач на радост на неговите се уште многубројни обожаватели од Вардар до Триглав. Велат, како да е “воскреснат“. Уште здравјето го служи, а и уште комуницира со луѓето. Има 85 години и добро се држи. Ние го пматиме по многу хитови, а најмногу по песната “Остала си увијек иста“. Снимен е пред неколку дена на некој приватен настан во Сплит со микрофон во рака. Во придружба е на третата сопруга Лидија, со која живее тивко и мирно во приморското место Строжанац. Вели дека Лидија ја сака најмногу на свет. Остана сам, нема никој.
– Немам мајка, немам татко, немам сестра, а го немам ниту синот Еди. Сите се починати. Од првата жена Анита одамна се разведов. Сосема останав сам. Сопругата Лидија ми е сега се, раскажа Мишо кој искрено призна дека во слободното време најчесто ги гледа турски тв серии кои го освојиа. – Тоа се „Далечен град“ и „Лејла“. Имаат одлични актери. Но, не го вклучувам звукот на телевизорот. Не го разбирам турскиот јазик, а тоа титлуваното, ме преморува да читам!