Неколку дена низ социјалните мрежи кружи лошата вест за многу лошата здравствена состојба на некогашната музичка мегаѕвезда 84-годишниот Мишо Ковач. Па, дури и тоа дека Мишо наводно ги “брои“ деновите….Далеку, далеку било. Поради тие црни вести се огласи ќерката на Мишо, пејачката Ивана. – Татко ми е добар. Го знаете него дека не се предава. Ако треба и концерт наскоро ќе одржи. Живее во малото место Подстрана, на брегот на Јадранот. Морето му дава сила за животот. Мишо на вистински начин ужива во своите пензионерски денови. Заслужено.
По толку многу години кариера, концерти, настапи, турнеи, фестивали. Сето тоа беше стресно, но јас ги памтам убавите денови и сите негови хитови. Секако оној најслушаниот “Остала си увијек иста“, песна која генијално ја има испеано и Македонецот Тоше Проески.
Ивана, додава дека залудно би било да ги објаснува приказните на злобните луѓе кои од околу-наоколу зборуваат за смртта на нејзиниот татко. – Каква е таа дрскот, смелост, зарем таквите не се плашат од Бога? Мишо е дома, не излегува, човекот одмора, има право на тоа. Тој е како некоја карпа во морето! Не го гледавте на тие коктели и промоции ниту кога беше во центарот на медиумско внимание, а понајмалку сега. Затоа нека не се измислуваат морбидни приказни за татко ми, раскажа по малку луто, ќерката Ивана.