четврток, јануари 22, 2026
Дома СВЕТ Мировниот договор ќе биде склучен наскоро, тврди Виткоф, од Кремљ не го...

Мировниот договор ќе биде склучен наскоро, тврди Виткоф, од Кремљ не го коментираат неговиот оптимизам

27
EPA/MAXIM SHIPENKOV

Кремљ денеска соопшти дека ги цени дипломатските напори на американскиот пратеник Стив Виткоф за ставање крај на војната во Украина, но одби да го коментира неговото тврдење дека мировниот договор ќе биде склучен набрзо.

Се очекува Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот на САД Доналд Трамп, подоцна денеска во Москва да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин за разговори за Украина. Кремљ соопшти дека по состанокот ќе биде одржан брифинг.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека двајцата претставници на САД ќе пристигнат во Москва по 16:00 – 17:00 часот по Гринич и ќе се сретнат со Путин.

– Дискусијата за прашањето за решавање на конфликтот во Украина и другите поврзани теми ќе продолжи – изјави Песков пред новинарите.

Претходно денеска Виткоф рече дека е постигнат значителен напредок и дека во преговорите преостанало само уште едно последно нерешено прашање.

На прашањето дали Кремљ го дели овој оптимизам, Песков одговори: „Не би сакале да ја коментираме сегашната фаза од преговорите, особено во пресрет на пристигнувањето на Виткоф во Москва и неговата средба со Путин“.

– Јасно е дека рускиот претседател високо ги цени мировните напори лично на претседателот Трамп и на неговиот тим, вклучително и на специјалниот пратеник Виткоф. Ние ги поздравуваме тие напори и нивната ефикасност – додаде тој.

ИЗДВОЕНИ