вторник, јануари 27, 2026
Дома МАГАЗИН Мирисот од кујната на баба: Мафини од јаболка и гриз, без брашно...

Мирисот од кујната на баба: Мафини од јаболка и гриз, без брашно – aроматичен деликатес, одлично оди со кафе или чај/ВИДЕО

32
Foto: Pexels

Мафините од јаболка и гриз без брашно се едни од оние старомодни колачи, чиј рецепт нашите баби го знаеле напамет.

Колачот е толку сочен и воздушен што едноставно се топи во устата, а најдобро од сè е што не ви е потребна вага, сè се мери во шолји и лажици.

Овие мафини одлично одат со попладневно кафе или чај, а децата ќе ги обожаваат. Погледнете го видеото и уверете се сами колку е лесно да направите врвен деликатес од она што веќе го имате во кујната.

Состојки:

  • 2 јаболка
  • кора од лимон по желба
  • прстофат цимет
  • 100 г ореви (мелени или сечкани)
  • 3 јајца
  • 100 г шеќер
  • 1 полна чаша гриз (100 г)
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 прашок за печиво
  • 100 мл јогурт
  • 100 г суво грозје
  • 50 мл масло

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките и матете ги белките со шеќерот додека не добиете цврста и пенеста смеса. Постепено додавајте ги жолчките и нежно соединете ја смесата со жица за матење.

Просејте го гризот со прашокот за пециво и полека измешајте го во смесата. Додадете ги мелените ореви, сувото грозје и една лажица какао.

На крај, додадете ги ренданите јаболка измешани со цимет, масло и јогурт. Нежно соединете сè со жица за матење за да остане воздушеста смесата.

Можете да ја испечете смесата во калапи за мафини или да ја истурите во намастен плех за печење.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути, додека колачот убаво не порумени.

ИЗДВОЕНИ