Министерството за правда на САД објави дел од сослушувањата со поранешната партнерка на Епстин

84
epa12243562 White House Press Secretary Karoline Leavitt (C) takes questions from reporters in the White House Press Briefing Room in Washington, DC, USA, 17 July 2025. Leavitt answered questions about the Trump administration’s handling of the Jeffrey Epstein investigation. EPA/JIM LO SCALZO

Министерството за правда на САД денес објави транскрипти и аудио снимки од неодамнешните интервјуа со Џилијан Максвел, поранешната партнерка на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, спроведени од заменик-главниот обвинител Тод Бланч. Сослушувањето се одржа на 24 и 25 јули 2025 година, во присуство на адвокатите на Максвел, која отслужува 20-годишна казна затвор за сексуална трговија со деца.

Министерството за правда, исто така, планира да ја испрати првата серија документи од истрагата за Епстин до Комитетот за надзор на Претставничкиот дом откако доби судска покана за досиејата. Порано оваа недела, претседателот на комитетот, конгресменот Џејмс Комер, републиканец, рече дека неговата цел е да ги објави досиејата, а воедно да ја заштити безбедноста и идентитетот на жртвите.

За време на нејзиното првично испрашување, Максвел изјави дека „можеби се сретнала“ со Доналд Трамп во 1990 година, пред да се сретне со Епстин, објави „Гардијан“.

Максвел го опиша односот меѓу Трамп и Епстин како „пријателски“, но забележа дека не знае како двајцата се запознале или како станале пријатели.

Таа додаде дека „никогаш“ не го видела претседателот (Трамп) да добива „масажа“. „Всушност, никогаш не сум го видела претседателот во никаква ситуација со масажа.

Никогаш не сум била сведок на какво било несоодветно однесување од претседателот. Во текот на времето што го поминав со него, тој беше вистински господин во секој поглед.“

„Максвел, исто така, ги негираше тврдењата дека регрутирала масерки од имотот на Трамп во Мар-а-Лаго. „Никогаш не сум регрутирала масерки од Мар-а-Лаго за тоа, колку што можам да се сетам.“ „Не можам да се сетам дека некогаш сум го направила тоа“, рече таа за време на испрашувањето.

Трамп претходно ги повика републиканците во Претставничкиот дом да бидат „целосно транспарентни“ во врска со документите од истрагата за Епштајн, кога ќе бидат објавени.

„Ја поддржувам целосната транспарентност, не ми е гајле“, рече Трамп, кој претходно го осуди континуираниот јавен интерес за неговиот поранешен пријател Епстин, кој почина во 2019 година во наводно самоубиство во затвор, според „Њујорк пост“. Трамп го повтори своето тврдење дека тоа е измама лансирана од демократите за да сугерира дека тој направил нешто погрешно во врска со Епстин.

„Бил Клинтон бил во својот авион и отишол на островот наводно 28 пати. Не сакам да го споменувам тоа, искрено“, им рече Трамп на новинарите, објави „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ