вторник, февруари 3, 2026
Дома МАГАЗИН Министерството за правда на САД ја призна грешката: Отстрани илјадници документи за...

Министерството за правда на САД ја призна грешката: Отстрани илјадници документи за Епстин – жртвите велат дека нивните идентитети биле компромитирани

75
Фото: Министерство за правда на САД

Министерството за правда на САД отстрани илјадници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин од својата веб-страница откако жртвите рекоа дека нивните идентитети биле компромитирани со објавувањето на досиејата и фотографиите, објави денес „Би-би-си“.

Адвокатите што ги застапуваат жртвите на Епстин велат дека пропустот во редакцијата на документите, објавени во петок, ги „преврте наопаку“ животите на речиси 100 преживеани од злоупотреба.

Во петок, двајца адвокати што ги застапуваат жртвите побараа од федерален судија во Њујорк да му наложи на Министерството за правда да ја отстрани веб-страницата што ги содржи досиејата, нарекувајќи го „најфлагрантното кршење на приватноста на жртвите во еден ден во историјата на САД“.

Адреси од е-пошта и голи фотографии, кои би можеле да ги идентификуваат имињата и лицата на потенцијалните жртви, беа меѓу објавените документи, објави „Би-би-си“.

Одделот соопшти дека ги отстранил означените датотеки и дека погрешното објавување е резултат на техничка или човечка грешка.

Сите документи што жртвите или нивните адвокати побарале да бидат отстранети се отстранети за понатамошно редактирање, соопшти одделот во поднесок до федерален судија.

Досега се објавени речиси три милиони страници документи поврзани со Епстин, вклучувајќи 180.000 фотографии и 2.000 видеа.

Епштајн почина во затвор во Њујорк на 10 август 2019 година, додека чекаше судење за обвиненија за трговија со луѓе.

ИЗДВОЕНИ