Министерот за здравство донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски

61

Министерството за здравство соопшти дека министерот Азир Алиу денеска донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.

Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено, наведуваат од Министерството.

На социјалната мрежа „Икс“ денеска се појави видео на кое се гледа директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, како зборува за консумација на дрога. Инаку, Кузмановски е кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на директорската позиција беше поставен во авгсут годинава.

На видеото, Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото.

„Ако е малце измешано одма ти го враќам, ќе ги фрлам, јас не можам со спидо и амфетамини да шмркам бело, само ако не е добро. Сакаш да го пробаш и да кажеш дали е добро“,

му вели Кузмановски на соговорникот во видеото објавено на Икс.

ИЗДВОЕНИ