Министерот за здравство Алиу најави реформа на Мој Термин

90
Фото:принскрин, видео МЗ

Денеска, министерот за здравство, Азир Алиу, и директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, остварија средба на која дискутираа за проблемите во работењето на системот Мој Термин и за иновациите планирани во оваа сфера.

Министерот Алиу истакна: “Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга.” Тој додаде дека реформата на Мој Термин е еден од приоритетите, со цел да се создаде полесен, поекспедитивен и подостапен систем.

“Правиме платформа што не создава бариери, туку отвора врати, што функционира во реално време и им дава на граѓаните сигурност дека се приоритет,” – изјави министерот Алиу.

Според Министерството за здравство, министерот Алиу нагласил дека граѓаните многу наскоро ќе го почувствуваат овој пресврт не само виртуелно, туку и во нивниот живот.

ИЗДВОЕНИ