Министерот за финансии на САД објави: Постигнат е рамковен договор со Кина за пренос на сопственоста на „ТикТок“

167

Постигнат е рамковен договор за сопственост на популарната платформа за социјални медиуми „ТикТок“, изјави денес американскиот министер за финансии Скот Бесант.

САД бараат „ТикТок“ повеќе да не биде во сопственост на кинеска компанија бидејќи се сомнева дека Кина ја користи платформата за разузнавање и пропаганда, а таа е законски забранета во САД од средината на јануари оваа година, пренесе „Бета“.

Бесант изјави по завршувањето на новата рунда трговски разговори меѓу САД и Кина во Шпанија минатиот викенд дека претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг, ќе разговараат за евентуално финализирање на договор за префрлање на сопственоста на платформата на САД во петок.

„Нема да разговараме за комерцијалните аспекти на договорот. Тој е меѓу две приватни страни. Но, комерцијалните аспекти се разработуваат“, рече Бесант.

ИЗДВОЕНИ