Партијата на слободата на Австрија (ФПО) побара разрешување на министерката за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер поради ореденот што го доби од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски ѝ го додели на австриската министерка за надворешни работи Орден за заслуги од втор ред на 22 јануари за нејзиниот придонес во зајакнувањето на меѓународната соработка, поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, добротворните активности и промовирањето на украинската држава во светот.
ФПО синоќа изјави дека ова претставува „кршење на неутралноста“ и дека затоа бара разрешување на министерката.
Пратеничката на ФПО, Сузане Ферст, изјави дека прифаќањето на наградата е „политички скандал од прв ред“.
„Секој што дозволува земја во војна да биде одликуван за „поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет“ отворено зазема страна – и со тоа дефинитивно го напушта принципот на трајна неутралност“, рече Ферст, додавајќи дека ФПО бара канцеларот Кристијан Штокер да ја разреши министерката Мајнл-Рајзингер, пренесе „Бета“.
Минатата недела, ФПО ја повика австриската влада да ја суспендира хуманитарната помош за Украина.
Министерството за надворешни работи објави зголемување на хуманитарната помош од Фондот за помош при катастрофи во странство за три милиони евра.
Поради ова зголемување на буџетските средства, ФПО побара суспензија на помошта за Украина.












