Уште една измама со лажна сообраќајка, овој пат од битолчанка изнудени биле 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари. Најверојатно жената е жртва на истата криминална група бидејќи и таа исто како и тетовката, која беше измамена минатата недела, ги фрлила спакуваните пари од балкон.
„На 25.08.2025 во 19:30 часот во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од полицијата.