Милошоски: Имаме основана доза на скептицизам за прифаќање на заедничка резолуција во ЕП од страна на Бугарија

799

Пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вечерва во гостување во Дневникот на Сител телевизија посочи дека Владата има основана доза на скептицизам во врска со прифаќањето на предлогот за заедничка резолуција помеѓу Македонија и Република Бугарија во Европскиот парламент.

Скептицизмот, вели Милошоски, се темели на изјави дадени од страна на официјални лица на Бугарија, за кои рече звучат слично како изјавите на официјалните лица на Москва за самобитноста на украинскиот народ и јазик.

ИЗДВОЕНИ