Mилиони Американци стравуваат за социјалната помош, a Трамп става златен натпис на Овалната соба

28

Додека САД живеат со најдолгото затворање на Владата во историјата, а милиони граѓани стравуваат за социјалната помош, Белата куќа доби нов, позлатен детаљ. Новиот златен знак „Овална соба“ поставен до вратата на канцеларијата на претседателот Доналд Трамп предизвика бран критики меѓу пратениците и јавноста. Тие сметаат дека е несоодветно претседателот да се занимава со естетика додека милиони граѓани немаат пристап до купоните за храна од програмата СНАП и се на неколку недели од уште поголем пораст на трошоците за здравствена заштита, пишува „Гардијан“.

Новиот натпис е само дел од поширокото редекорирање на Белата куќа што го спроведува Трамп според својот вкус, со акцент на златните детали. Минатиот месец, јавноста бурно реагираше на уривањето на Источното крило за да се направи место за сала за балови вредна 300 милиони долари, во услови на рекордно затворање на Владата.

На критиките им се придружи и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој е профилиран како еден од главните противници на Трамп, чиј тим за социјални медиуми објави фотомонтажа од знакот, на кој наместо „Овална соба“, пишува „Живеј, смеј се, губи“.

ИЗДВОЕНИ