Градоначалничката Данела Арсовска најави дека денеска ќе ги однесе сите документи со кои тврди дека на диво се гради во општината Чаир. Таа преку соопштение до медиумите се чуди како до сега ОЈО постапувало по “допрен глас” а сега бараат име на градоначалничката да пријави.
“Иако досега за милион постапки постапувале по анонимни пријави и по допрен глас, затоа што тоа им е обврска и должност, бидејќи по 10 дена повици за постапување од целата јавност, морало името на градоначалничката да го имаат и формално за дополнително да ја малтретираат институционално, наместо сторителите на кривичните дела, и да ја стават во дополнителна опасност, таа бидејќи не се плаши од Висар Ганиу и Изет Меџити, денес ќе достави документација до Јавното обвинителство во надеж дека конечно ќе се постапи со цел обезбедување на доказите кои се обидуваат да ги уништат“, велат од Град Скопје и го потсетуваат ОЈО дека треба по службена должност да спречи уништување на доказите во Чаир бидејќи од градот неколкупати преку соопштенија предупредиле на тоа.
ОЈО Скопје претходно ја повика Данела Аровска лично да пријавела дивоградби во Чаир и закани по живот и дека за тоа ќе ја чекал дежурен јавен обвинител.