Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во четвртокот соопшти дека повеќе нема да се кандидира за ниту една политичка функција.
„Веќе нема да бидам кандидат за претседател, ниту за било што друго во политиката“, рече Милановиќ во говорот на отворањето на Деновите на комуникација во Ровињ.
„Полека сумирам некои работи, ги гледам и заклучувам дека е убаво да се биде во стадото, заштитен од други, да врескаш од третиот ред како гладна птица, но и да се биде во стадото смрди“, рече Милановиќ.
На почетокот на оваа година Милановиќ со убедливо мнозинство гласови во вториот круг од претседателските избори доби втор мандат на чело на државата, а според Уставот, на таа функција може да се избира ист човек најмногу два пати. Мандатот на претседателот трае пет години.