Раководството на Милан го контактирал уругвајскиот фудбалер од редовите на Ливерпул, Дарвин Нуњез, и се очекува во наредните неколку дена да испратат понуда за напаѓачот.
Милан исто така е заинтересиран и за Душан Влаховиќ, Арно Калимуенде и Расмус Хојлунд, но Нуњез е прв избор на клубот од Милано. Уругвајецот одигра 30 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, постигна пет гола и имаше две асистенции.
Ливерпул го доведе напаѓачот Уго Екитике ова лето и се обидува да го доведе Александар Исак од Њукасл, па затоа е подготвен да го продаде Нуњез.
Саудискиот Ал Хилал е исто така заинтересиран за Нуњез, но клубот не испратил официјална понуда.