Сè повеќе се зборува за доаѓањето на НБА во Европа, а се знае кои се нивните цели. Тие претежно ќе бидат тимови кои имаат развиено фудбалски клубови, и така би можел да се создаде кошаркарски Милан.

Џери Кардинали, раководителот на компанијата „Ред берд капитал“ и мнозински сопственик на Милан, е во контакт со Адам Силвер, комесарот на НБА.

Според веста на „Газета дело спорт“, Милан би можел да добие сестрински клуб во кошарка, сличен на оние што ги имаат Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче, Партизан и Црвена звезда.

Близу до такво нешто се и Манчестер сити и Пари Сен Жермен. Причината за создавањето на кошаркарската секција ќе биде НБА-лигата, која има намера да го прошири своето присуство на „Стариот континент“.

 

ИЗДВОЕНИ