На прв поглед, некој би помислил дека по повеќе од 50 години во центарот на вниманието, фронтменот на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер, повеќе нема никакви тајни.
Сепак, авторот Кристофер Андерсон напиша во својата книга дека сè уште има многу нераскажани приказни – вклучувајќи ја и наводната зависност од секс.
Андерсон, кој ја следи кариерата на Џегер повеќе од четири децении, сето тоа го опиша во книгата Mick: The Wild Life and Mad Genius of Jagger, објавена пред две години од „Simon & Schustera“, дел од CBS, пренесува Nova.rs.
За книгата, тој разговарал со членови на семејството, пријатели, соработници, сопруги и љубовници, но не и со самиот Џегер.
Според него, пејачот имал околу 4.000 љубовници во текот на својот живот.
„Тој беше многу активен. Тој самиот еднаш рече: „Јас не сум пример за доблест“, и беше во право“, рече Андерсон.
Авторот на книгата нагласува дека обрнал посебно внимание на точноста на секоја информација.
„Почнав да ги следам Стоунс уште во 1969 година на фестивалот Алтамонт… Работев за списанието Тајм, ја работам оваа работа 46 години и секогаш се осигурувам дека секој факт во книгата е потврден од повеќе извори, кои ги цитирам во книгата“, вели Андерсон.
Како што додава, Џегер водел живот дизајниран да ја шокира јавноста. Тој живеел доста бунтовнички,а покрај тоа, имал сериозни лични проблеми.
„(Моделот и актерката) Џери Хол, откако ги издржала неговите неверства 23 години, изјавила дека тој е зависник од секс и дека му е потребна помош. Кит Ричардс, исто така, го советувал да побара помош, и сите биле воодушевени кога решил да посети сексуален терапевт – сè додека не ја завел терапевтката.
„Тоа доволно кажува за каков човек е, некој со лични демони и опсесии“, заклучи Андерсон.