недела, јануари 25, 2026
Дома БАЛКАН Мицотакис: Европа мора да постави црвени линии и да ги држи отворени...

Мицотакис: Европа мора да постави црвени линии и да ги држи отворени каналите за соработка со САД

156

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес изјави дека Европа мора да остане обединета, за да го заштити меѓународното право и суверенитетот на своите членки, како во случајот со Данска и Гренланд, а во исто време нагласи дека е важно да се одржуваат отворени канали за соработка со САД дури и во периоди на тензии, јасно истакнувајќи ги црвените линии.

Во својата редовна неделна објава на социјалните мрежи, тој рече дека Грција работи на решенија што го зајакнуваат мултилатерализмот, безбедноста и стабилноста, не преку конфликт, туку во договор со сојузниците.

Мицотакис додаде дека Грција ја поддржува европската стратешка автономија преку посилна одбрана и поголема конкурентност, и дека активно дејствува во регионот Газа и Блискиот Исток, како и во рамките на ЕУ и Советот за безбедност на ООН.

ИЗДВОЕНИ